Одрон на патот Маврови Анови-Дебар, затрупана е една сообраќајна лента

by Fokus

Одрон од камења и земја на магистралниот патен правец Маврови Анови – Дебар во близина на селото Трница, поради што отежнато е движењето на возилат, информира АМСМ. Заради опасноста од нови одрони, сообраќајот на овој дел ќе биде запрен и заради безбедносни причини.

Од СВР Тетово потврдија дека имаат информација за одронот кој настанал на три килиометри оддалечност од мавровската брана во правец кон Дебар.

Првата количина на земја и камења затрупала една лента во должина од околу триесетина метри, но постои опасност од нови одрони. Од овие причини засега патниот правец во овој дел на магистралата е во прекин.

Поврзани новости