Одреден притвор за тројцата новоосмничени за обид за убиство на Села

by fokus 23:47
23:47

Судија на претходна постапка одреди мерка притвор за двете лица кои вчера беа препозаени од граѓаните и уапсени под сомнение дека  за сторено кривично дело Убиство во обид сторено во соизвршителство врз пратеникот Зијадин Села.

Исто така, одреден е и пртивор за уште еден осомичен за нападот врз Села, чија одлука за притвор претходно се одложи поради неговата здравствена состојба.

Ценејќи дека се исполнети околностите предвидени во законот, надлежниот јавен обвинител до судија на предходна постапка во Основниот суд Скопје 1 Скопје  денеска достави Предлог за определување на мерка Притвор за осомничените лица.

- Advertising -

Поврзани новости