Одреден 30-дневен притвор за полицаецот осомничен за убиството во Битола

by fokus

Судот му одреди притвор на полицаецот од Битола, кој е осмничен на пред два дена убил негов сограѓанин, по што му ги украл парите кои ги носел за купување на кола, а потоа го запалил.

-Судија на претходна постапка при Основниот суд Прилеп на Е.Т. (24) од Битола му одреди мерка во траење од 30 дена. Притворот ќе се извршува во Казнено поправната установа Затвор Скопје. Вчера (15.09) Надворешната канцеларија за криминалистички работи поднесе кривична пријава против Е.Т. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“, казниво по член 123 став 2 точка 4 од Кривичниот законик на Република Македонија, сооштија од Судот.

Поврзани новости