Одобрени еден милион евра државни пари за домашните изведувачи!

by Fokus 09:54
09:54

Владата ги објави резултатите за одобрени средства преку јавниот повик за финансиска поддршка за индустријата за организација на настани на теми со кои одбележува 30 години независност на Македонија.

Станува збор за сума од 61.499.421 денари, односно околу еден милион евра.
Овие средства се распределени на 33 правни лица, односно на продукции и друштва за сценско-културни дејства, за проекти кои содржат музички концерти, театарски претстави, предавања, туристички прошетки, едукативни работилници, поетски читања и друго, со задолжително ангажирање на домашни изведувачи.

- Advertisements -

Помеѓу правните лица на кои им се одобрени средства се: Баги комуникации, Иноватива груп, Старлајт продукција, Стармен, Певац лис, Црна мачка продукција, Мојсо продукција, Фан продукција, Магна матер, Генерал студио, Студио Фока и други.

Во склоп на овие проекти, концерти ќе одржат Влатко Лозановски-Лозано, Туна, Каролина Гочева, Влатко Стефановски, Тамара Тодевска, Ареа и многу други.

Вики Клинчарова

Поврзани новости