Одобрен итниот третман на Ковид-19 со антитела, со кој се лекуваше и Трамп

by fokus 18:08
18:08

Американската агенција за храна и лекови (ФДА) го одобри итниот третман на Ковид-19 со антитела, што е дел од терапијата што ја доби и претседателот Доналд Трамп.

Третманот со антитела произведен од фармацевтската компанија „Реџенерон“ се користи кај лесна до умерена клиничка слика на пациенти со Ковид, возрасни и стари лица и некои деца кои се изложени на ризик од влошување на нивната состојба, наведува Гласот на Америка.

- Advertisements -

Компанијата соопшти дека очекува лекот да биде готов за околу 200.000 пациенти до крајот на јануари.

Американската фармацевтска компанија „Фајзер“ и нејзиниот германски партнер „Бионтек“ соопштија дека поднеле барање за итно одобрување од Агенцијата за храна и лекови за дистрибуција на вакцината и најавија дека ќе започнат со дистрибуција веднаш штом ќе ја добијат.

Компаниите соопштија дека нивната вакцина е ефикасна во 95 проценти од случаите и дека нема сериозни грижи за нејзината безбедност.

Американскиот секретар за здравство Алекс Ејзар рече дека Агенцијата за храна и лекови може да одобри итна дистрибуција на вакцината во следните недели.

Во исто време, Универзитетот Џонс Хопкинс објави дека 12 милиони луѓе во САД биле заразени со коронавирус.

– Време е да ги повикаме сите Американци да бидат повнимателни, рече Дебра Брикс, член на работната група на Белата куќа за коронавирус.

Поврзани новости