Одлуките за исплата на субвенции за лозарите се донесени пред распишување на изборите, реагира Платежната агенција

by fokus 17:56
17:56

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, преку соопштение ја информира јавноста дека обештетувањето на лозарите по основ на долгот што винарските визби го имаат кон нив за предадено грозје е извршена во сосема законска постапка, и тоа врз основа на одобрени средства во Буџет на АФПЗРР за 2019 – та година, и Одлука на Владата на Република Северна Македонија, која претставува помош на лозарите кои ги исполниле сите критериуми утврдени во Закон за земјоделство и рурален развој.

На 4 февруари 2019 година, Собранието ги усвои измените на Законот за земјоделство и рурален развој, со што се исполни и правниот основ за државата да ги обештети лозарите. На 7 февруари 2019 година, на вонредна седница, Владата ја донесе предлог Одлуката за утврдување на обештетувањето како мерка за исплата за продадено винско грозје. Овие Одлуки се донесени пред распишувањето на претседателските избори. Со оваа исплата не се покриваат долговите на приватните фирми кон лозарите, туку оваа исплата претставува субвенција од страна на државата за да се ублажи штетата која ја претрпеле лозарите со неисплаќањето на средствата од страна на винарниците, стои во реакцијата на Платежната агенцијата на денешната одлука на Државната комисија за спречување корупција и судир на интереси да отвори постапка за одлуката за испалата на овие субвенции.

- Advertisements -

Со оваа интервенција, се додава, не престанува обврската на приватните фирми за целосна исплата на долгот што го имаат винариите.

Поврзани новости