Одлуката за признавање на МПЦ-ОА беше најспасоносна и најдобра, изјави српскиот патријарх

by Фокус

Одлуката за признавање на Македонската православна црква-Охридска Архиепископија (МПЦ-ОА) од страна на Српската православна црква (СПЦ) беше најспасоносната и најдобра и за нив и за сите нас, изјави српксиот патријарх Порфириј, во интервју за рускиот теолошки портал „Богослов.ру“, дадено за време на неговата неодамнешна посета на Русија, во кое тој се осврнува на надминатите недоразбирања и со признавањето на МПЦ-ОА.

Според него, одлуката во СПЦ била донесена едногласно, во полнотата на Соборот, водејќи се од црковните закони, но и од земјите интереси, исклучиво за спасението на луѓето што живеат на територијата на Северна Македонија.

-Многумина тоа не можат да го разберат. Некои велат дека сме ги предале интересите на српската црква, дека сме ги предале српските земји. Но, историски гледано дури и согласно каноните, црковните територии, епархиите на просторот на денешна С Македонија, припаѓале на јурисдикцијата на нашата црква само од 1920 до 1966/67 година. Во сите други периоди, дури и во времето на Свети Сава тие тееритории не и припаѓале на СПЦ.

Во таа смисла, не направиме нешто што е спротивно на интересите на СПЦ. Но, друго нешто е што во политичка смисла, тие територии некогаш им припаѓале на владатели на српските држави. Но, како црковни луѓе никогаш не смееме да ги мешаме политичките параметри и контеексти со црковните контексти. За црквата е суштински важна грижата за спасението на конкретниот човек – рече тој.

Поврзани новости