Одлука за екстрадиција на Грујевски и Бошковски идната среда

by fokus

Идната среда, судот во Солун најверојатно ќе донесе конечна одлука дали бегалците Горан Грујевски и Никола Бошковски ќе бидат екстрaдирани во Македонија, пренесува телевизија Алсат М. Денешното рочиште траеше речиси четири часа. Двајцата влегоа во судница со лисици на рацете  Бошковски облечен во тренерки, Грујевски во сако и кошула, носеше кеса со македонски весници, кои одбраната ги приложи во судот во Солун.

Но на барање на обвинетите, грчките адвокати на Груејвски и Бошковски побараа од судница да се отстрани јавноста. Дел од објаснувањето беше дека има новинари од Скопје, посочувајќи го Алсат М како медиум на албански јазик.

Судот го прифати барањето. Неколку грчки новинари, сопругите на Грујевски и Бошковски и адвокатот од Скопје Петар Василев излегоа од судницата.

Поврзани новости