Одложено судењето на Заев за „Поткуп“за 29 јануари, се чека одлука на Апелација за снимките

by Fokus

Денешното судско рочиште за случајот „Поткуп“ во кој обвинет е премиерот, Зоран Заев се одложи за 29 јануари бидејќи предметот е во Апелацискиот суд Скопје кој треба да одлучува по жалбата на Заев околу користењето на посебните истражни мерки (ПИМ) како доказ во судската постапка.

На денешната јавна седница во Апелацискиот суд треба да се одлучува дали видео снимката која протече на „Јутјуб“ ќе се користи во судската постапка на предметот „Поткуп“.

Последната седница во Апелацискиот суд беше одложена бидејќи судијата известител за овој случај е избран за судија во Врховен суд. Седницата беше одложена на неопределено време.

Адвокатите на Заев, претходно, од Кривичниот суд побараа да ги издвои овие снимки од доказниот материјал. Судот го одби нивното барање и донесе решение тие да бидат доказ, по што поднесоа жалба до Апелацискиот суд.

Поврзани новости