Одложено судењето на Груевски за шамарите

by fokus

Стартот на судењето за насилните протести пред општина Центар и нарачувањето шамари за градоначалникот Андреј Жерновски во кое првообвинет е поранешниот премиер Никола Груевски е одложено. Првото рочиште требаше да биде на 21.11.2016 во понеделник, а сега Судот го одложил за 16.12.2016.

Одложувањето било побарано од одбраната на осомничените, односно адвокатот на обвинетиот Миле Јанакиевски, Никола Додевски.

-Адвокатското друштво Никола Додевски со писмен поднесок го извести Основниот суд Скопје 1 – Скопје дека адвокатот Никола Додевски бранител на М.Ј., второ обвинет во предметот со К.бр 1904/16 во врска со настаните пред Општина Центар, за кој главната расправа е закажана за 21.11.2016 год. е спречен да присуствува на закажаната главна расправа бидејќи истиот е организатор и ќе учествува на дводневна работилница за Имплеметација за Законот за одмерување на казни, организриана од Адвокатската комора на Р.М., Амбасадата на Соединетите Американски држави во Скопје и Бирото за меѓународна борба против наркотиците и спорведување на законите, кој настан бил закажан пред да ја добие поканата за закажаната главната расправа, се вели во соопштението на Судот.

Специјалното јавно обвинителство покрена обвинение за овој случај против 14 лица за кривичното дело насилство од кои 5 лица се обвинети како поттикнувачи и за 9 лица како директни извршители на насилството.

Поврзани новости