Одложено рочиштето за „Титаник 2“, Мијалков не дојде а Тачи морал да оди на прослава на албанското знаме во Тирана

by fokus

Одложено е денешното рочиште за предметот „Титаник 2“. Причина за тоа е што обвинетиот Мендух Тачи побарал да оди на прослава на албанското знаме во Тирана.

Поради тоа денеска од затворот Шутка во Судот не беше спроведен ниту притворениот Сашо Мијалков.

Минатата седмица Мијалков не беше спроведен на рочиштето за „Таргет- Тврдина“ (за кое и му е одреден притворот) со образложение дека судот немал доволно време да испрати наредба за спровод на обвинетиот до Истражниот затвор во Шутка.

Поврзани новости