Одложено е рочиштето за дедото на Тамара, Апелација одлучува за неговиот притвор

by Fokus

Одложено е рочиштето за случајот со дедото на Тамара од Велес, Љупчо Стојановски, бидејќи предметот се наоѓа во Апелациониот суд поради жалба на одбраната на притворот на обвинетиот.

Пред Судот денеска требаше да бидат приложени нови психијатриски вештачења од ЈЗУ „Психијатриска болница – Скопје“ од кои требаше да се утврди дали обвинетиот бил пресметлив кога го извршувал кривичното дело.

Стојановски се товари за „обид за убиство“ и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. Судот му определи притвор поради постоење опасност од бегство и опасност од извршување на истото кривично дело.

Поврзани новости