ОДИХР е спремна да испрати набљудувачи во зависност од здравствената ситуација

by fokus

ОДИХР е спремна да ја прати својата набљудувачка мисија откога повторно ќе почне изборниот процес во зависност од здравствената ситуација, вели за Радио Слободна Европа, Катја Андруз, портпарол на Канцеларија на ОБСЕ за демократски институции и човекови права ОДИХР со седиште во Варшава.

„ОДИХР за жал беше принудена да ја запре мисијата за набљудување на предвремените парламентарни избори во Северна Македонија кога изби пандемијата на КОВИД19. Покрај ограничувањата на патувањата, тоа исто така би можело да го загрози здравјето и безбедноста на нашиот персонал, што секогаш е најважно за нас. Ги информиравме властите дека ОДИХР е спремна повторно да ја прати набљудувачката мисија кога изборниот процес повторно ќе почне, зависно од здравствената состојба и можноста за патување и какви било други рестрикции кои ќе ги има тогаш“, се наведува во одговорот.

Изборите првично беа закажани за 12 април, но одложени поради пандемијата на корона вирусот.

Поврзани новости