Одбраната во Титаник бара изземање на Јанева, Лиле Стефанова праша кој треба да ја изземе

by fokus 11:43
11:43

Повторно процесни предлози на одбраната ја одложуваат главната расправа на најголемиот предмето на Специјалното јавно обвинителство „Титаник“ во кој се обвинети 21 лице од врвот на ВМРО-ДПМНЕ.

Одбраната бара изземање на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева. Како што рече адвокатото Еленко Миланов изземање се бара поради јавните настапи на Јанева.

- Advertisements -

-Обвинителот за кој се бара изземање повеќе наврати се произнесува за казни, вина, постоење докази, основи, сакајќи кај јавноста да остави впечаток на основаност на своите обвинувања пред и во тек на судската постапка навлегувајќи во директни ингеренции на одлуките на судот. Оваа околност претставува основ да се побара изземање на Јанева – рече адвокатот.

Обвинителката која го застапува предметот, Лиле Стефанова, рече дека одбраната со ова покажува има намера да ја одложува расправата.

-Одбраната постојано дава „процесни предлози“ со цел да се изгуби текот на закажаните рочишта. Убедена сум во стручноста и професионалноста на колегите бранители и знам дека добро ги познаваат законите, но во дадениот предлог за изземање на Јанева на колегата Еленко Миланов не можеше да каже кој орган треба да одлучува и да ја изземе – рече Стефанова.

Судијата Осман Шабани го прекина рочиштето за судот да се произнесе по предлогот. Судењето продолжува за еден час.

М.В.

Поврзани новости