Одбраната на Груевски побараа изземање на обвинителите во „Тенк“ поради наводна пристрасност

by fokus

Одбраната на Никола Груевски на денешното рочиште за случајот „Тенк“, односно за набавка на Мерцедесот од 580 илјади евра побара изземање на специјалната обвинителка Катица Јанева и на обвинителите кои го застапуваат обвинението, во случајот Ленче Ристоска и Стефче Донев.

Адвокатот Димитар Дангов не го образложи барањето за изземање поради што јавноста не беше запознаена со делатлите, но како што успеавме да дознаеме, се повикувале на можна непристрасност на обвинителите и за некакво нивно јавување како оштетена странка во постапката.

Обвинителите од СЈО побараа пауза до 14 часот за да може да одговорат на поднесеното барање за нивно изземање. На денешното рочиште се очекува по изнесувањето на писмени докази, одбрана да дадат и обвинетите Никола Груевски и Ѓоко Поповски.

В.В.

Поврзани новости