Одбраната бара политичари да сведочат за „Диво Насеље“

by fokus 21:21
21:21

Зоран Заев, Али Ахмети, Муса Џафери, Артан Груби, Ејуп Алими, Садула Дураку, Сашо Мијалков, Гордана Јанкуловска и Митко Чавков, се лицата кои денеска беа предложени да сведочат пред судот за настаните кои се сличија во кумановската населба Диво Насеље на 9 и 10 мај пред две години, пренесе Телевизија 21.

Исто така одбраната побара од судот како сведоци да ги повика, Исни Шаќири, Шенаси Мехмети вработен во УБК и Стојанче Ангелов од политичката партија “Достоинство“. Одбраната бара сведок да биде  и преведувачот на ОБСЕ, Бехар Граждани.

- Advertisements -

Адвокатите очекуваат судот да ги прифати сите спомнати лица, бидејќи според нив сите имаат сознанија за овој случај.

Од друга страна Јавното Обвинителство, како доказен материјал достави ЦД  на кое се наоѓаат пишани документи за целата полициска акција.

Но , адвокатот на одбраната, Лупчо Веселиновски  вели дека станува збор за пишан документ кој се однесува на повредите на заштитените сведоци.

Денеска во судот исказ даде обвинетиот Елхам Арифи, кој тврди дека е невин. Како што вели тој, настанот во кумановската населба е од политички цели.

Поврзани новости