Одбрана: Ковачки објави воена тајна, отвараме постапка за неовластено објавување

by fokus

Документот кој е објавен на социјалните медиуми и презентиран од ВМРО-ДПМНЕ за премиерот Димитар Ковачевски, по првичната проверка претставува документ кој во документација на Министерството за одбрана и Армијата првично е заведен како документ со печат „воена тајна“, а подоцна по носењето на Законот за класифицирани информации, добива класификација „строго доверливо“, објавија вечерва од Министерството за одбрана.

-Министерството за одбрана, согласно своите надлежности, постапувајќи по Закон и штитејќи ги интересите на државата и на граѓаните, отвора постапка за утврдување на одговорност за несовесно ракување и неовластено објавување на документи со класифицирана содржина. Министерството за одбрана ги повикува политичките партии и поединци, во своите настапи и обиди да придобијат политички поени, да стојат понастрана од припадниците на Министерството за одбрана и Армијата, да не ги поттикнуваат на извршување на кривични дела, со кои го нарушуваат сопствениот, но и угледот на Министерството и Армијата, стои во соопштението на Министерството.

Поврзани новости