Одбиено уште едно барање на СЈО, Кривичен одби да го замрзне имотот во случајот „Триста“

by fokus

Судијата на претходна постапка, Елена Јосифовиќ, од Кривичниот суд го одби барањето на Специјалното јавно обвинителство за замрзнување на имотот  во случајот „Триста“, потврдуваат од Специјалното јавно обвинителство (СЈО).

Случајот „Триста“ е за набавката на 300 возила за МВР, за која СЈО поднесе до судот предлог за привремена мерка забрана за отуѓување и оптоварување на недвижен и движен имот во сопственост на осомничениот помошник на министерот за внатрешни работи.

СЈО пред неколку месеци побара изземање на судијката Јосифовиќ, која постапуваше во случајот „Трезор“, поради сомневање во нејзината непристрастност, затоа што постоел должнички однос на едно правно лице застапувано од нејзиниот девер Ненад Јосифович кон фирмата Финзи.

Пред неколку дена, Кривичниот суд по втор пат го одби и барањето на СЈО да го замрзне партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ, а во врска со случајот „Талир“. Оваа одлука најпрвин ја донесе судија на претходна постапка, а истата ја потврди и Кривичен совет.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски е првоосомничен во новиот предмет што го отвори СЈО под кодното име „Талир“,  кој се однесува на незаконско  финансирање на партијата, перење пари, злоупотреба на службена положба и овластвување.

Поврзани новости