Одбиен уште еден приговор на СДСМ

by fokus

Државната изборна комисија во моментов е на пауза, откако го одби претпоследниот приговор поднесен од СДСМ. До сега, ДИК одби пет од вкупно осум приговори, поднесени од СДСМ, а два повлече партијата.

Единствено е прифатен еден приговор на БЕСА,  откако графолошкото вештачење покажа дека потписот на сведокот Фатиме Сулејмани бил фалсификуван, односно во нејзино име гласал некој друг.

Со шест гласа  за и три против, членовите на Државна изборна комисија го усвоија приговорот на БЕСА и донесоа одлука да се прегласа во гласачкото место 0396/1 во Гостивар.

Со прегласување во избирачките места во оваа изборна единица, СДСМ ако добие повеќе гласови може да му земе еден пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Протестот на ВМРО-ДПМНЕ пред ДИК и натаму продолжува.

Поврзани новости