770
Вечерва во бифето на МКЦ беше промовирана книгата на Калина Велевска, „Дневникот на една планинарка“. Присутни беа многу луѓе, планинари, љубители на природата и нејзините најблиски.
Се рецитираа песни за неа, се читаа извадоци од нејзината книга, полна со белешки од планинските авантури.
,,Одам на тура од која ми потскокнува срцето. Планината не прави среќни, не издигнува до облаците “, пишува во книгата на Калина.
Собраните средства од продажбата на книгата ќе се донираат за подобрување на безбедноста на планинарите.
Калина и Александар Миновски загинаа пред една година при искачување на Кајмакчалан од грчката страна на планината Ниџе.
Ј.Ц.