Од живинарска фарма во Гевгелија украдени 15.000 евра

by fokus

Во грабеж во живинарската фарма ДПТУ „Ветеринар“ во Гевгелија се украдени нешто помалку од 15.000 евра. Фармата е лоцирана на улицата Моински Пат каде што вечерта во саботата непознат сторител го извршил грабежот.

Како што велат од Министерството за внатрешни работи, крадецот ја исекол металната ограда со која бил ограден целиот објект и заштитната мрежа, по што отворил прозор од канцеларија, влегол внатре и со погоден алат отворил метален сеф од кој одзел 6.500 евра, 2.000 долари и околу 400.000 денари во разни апоени.

Поврзани новости