Од „втора мајка“ ќе се бира кој судија ќе им суди на Јанева и Боки 13 во „Рекет“

by fokus

Сѐ уште е непознато кој судија ќе им суди на Катица Јанева, Бојан Јовановски и Зоран Милевски Кичеец кои се обвинети во случајот „Рекет“, бидејќи како што дознава „Фокус“, првиот избор на судија завршил неуспешно.

Поточно, во текот на вчерашниот ден преку системот за електронска распределба на предмети АКМИС бил избран судија, но како што дознава „Фокус“, предметот „Рекет“ се паднал кај судија кој веќе учествувал на оценката на обвинителниот акт, па затоа нема да може и да суди.

Се очекува изборот на судија да се направи од „втора мајка“, по што и набрзо ќе биде закажан датум за главна расправа.

Јанева, заедно со Бојан Јовановски и Зоран Милевски -Кичеец се обвинети во случајот „Рекет“, бидејќи наводно земале мито од 1,5 милион евра од бизнисменот Орце Камчев кој за возврат требало да се спаси од кривичен прогон за случајот „Империја“.

В.В.

Поврзани новости