Од ВМРО-ДПМНЕ скромни: Програмите што ги нудиме се најдобри

by fokus

Програмите што ги нудиме се најдобрите кои се понудени на овие избори, велат денеска од ВМРО-ДПМНЕ во нивното утринско соопштение.

-Кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ се одговорни, вредни и докажани како врвни професионалци во своите професии. Актуелните градоначалници кои се кандидирани повторно зад себе имаат реализирано многу проекти во корист на сите граѓани. Кандидатите што се промовираат за првпат се успешни и угледни граѓани почитувани во своите места. Програмите што се нудат се најдобрите кои се понудени на овие избори, со издржани и конкретни проекти. Локалниот економски развој е приоритет во програмите на сите кандидати, се вели во соопштението.

Тие додаваат дека за секоја општина имале конкретна програма за развој на секое место кое ќе прерасне во убаво и достојно место на живеење.

Поврзани новости