Од Вардар извлечено телото на 19-годишен гостиварец по кој се трагаше

by Fokus

Полициски службеници го пронајдоа и извлекоа безживотното тело на дваесетгодишниот гостиварец кој вчера попладне исчезна во водите на Вардар во близина на гостиварското село Балиндол.

Според информациите на СВР Тетово, телото на Ј.М. било забележано утринава околу 10 часот во реката меѓу селата Чегране и Форино.

Увид на местото извршил јавен обвинител и според првичните сознанија на телото нема траги од насилство. Причините за смртта ќе бидат познати откако ќе се изврши обдукција.

Потрагата започна вчера, кога граѓанин пријавил дека забележал тело на маж кое го носела водата во близина на селото Мало Турчане. Тој се обидел да го извлече, но не успеал. Во близина на селото Балиндол го изгубил од вид, по што била повикана полиција и пожарникари кои започнаа потрага.

Поврзани новости