Од утре во Калифорнија полициски час од 22 до пет часот наутро

by Fokus

Гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусам нареди воведување т.н. полициски час од утре во поголемиот дел од таа американска сојузна држава, по зголемувањето на бројот на нови случаи на коронавирус.

Наредбата, која ќе биде во сила еден месец, го ограничува бројот на луѓе на домашни собири и активности надвор од домот.

Полицискиот час ќе трае од 22 до пет  часот наутро, а новите мерки ќе опфатат 94 отсто од жителите на Калифорнија, пренесува Си Ен Ен.

– Вирусот се шири со темпо што не сме го виделе од почетокот на оваа пандемија, а следните неколку дена и недели ќе бидат клучни за да се запре неговото ширење“, рече Њусам.

Тој додаде дека најважно е да се намали преносот и да се забави хоспитализацијата пред да се зголеми бројот на смртни случаи.

Поврзани новости