Од утре производителите на прехранбени производи треба да им понудат намалени цени на маркетите

by Fokus

Министерот за економија Крешник Бектеши очекува од утре да почне намалувањето на цените на одредени прехранбени производи поради одлуката на Владата со која производителите на храна ќе добијат субвенционирана цена за електричната енергија.

Бектеши вечерва на гостување во емисијата „10 минути” на ТВ 21 појасни дека од утре производителите на прехранбени производи ќе треба да им понудат на маркетите нови намалени цени, но дека треба да се има предвид и фактот дека маркетите имаат залихи од претходно.

– Одредени маркети имаат залихи од претходно. Од утре треба да почне намалувањето на цените. Производителите на прехранбени производи од утре ќе почнат да им нудат на маркетите нови цени кои се намалени согласно одлуките за субвенционирана електрична енергија, рече Бектеши.

Најавува и засилени контроли од страна на Пазарниот инспекторат, а ги повика и граѓаните доколку забележат злоупотреби кај трговците, да ги пријават.

Во однос на топлинската енергија, Бектеши соопшти дека се обезбедени доволно количини на природен гас за топланите и дека граѓаните до крајот на грејната сезона ќе бидат во континуитет снабдении со парно греење.

Поврзани новости