Од утре мнозинство матуранти ќе ја бојкотираат наставата

by Fokus

Утре мнозинство на матуранти ќе ја бојкотираат наставата и голем дел од средношколците се согласија со овие барања, истакна денеска претседателот на Сојузот на средношколци, Бленди Ходаи во Студио 10 на ТВ 24.

„На состанокот со министерката Царовска побаравме два предмети за полагање на државната матура, чекавме одговор дали се подготвени да соработуваат. Немавме друга опција откако видовме дека не се подготвени за соработка, па бојкотот на наставата беше неминовен. Имаме дефинирани барања кои полесно може да се прифатат. Ние одлуката ја донесовме пред 3 дена, состаноците деновиве се координативни за да имаме поефикасен бојкот на наставата, за да постигнеме образовните институции да ги прифатат нашите барања. Матурантите треба да ја бојкотираат наставата од утре. Средношколците до сега беа поделени, дел бараа целосно укинување на државната матура, а друг дел сакаат модификации на содржината за матурата. Голем број од средношколците се согласуваат со овие барања. Утре мнозинството, матурантите ќе ја бојкотираат наставата. Не сакаме да направиме протест, затоа што во време на пандемијата треба да сме одговорни. Барањата не се да се укине матурата, туку модификација по пример со образованието во Франција, намалување на бројот предмети, наместо 4 на 2 предмети“, истакна Ходаи.

Поврзани новости