Од црквата на Јован Вранишковски очекуваат државата конечно да ги регистрира

by fokus 18:34
18:34

По изрекување на пресудата на Европскиот суд за човекови права во Стразбур против Република Македонија, каде е утврдена повреда на верските слободи во случајот на Православната Охридска Архиепископија, од Синодот на ПОА очекуваат конечна регистрација од страна на државата.

Во пресудата беше констатирано дека Македонија го прекршила членот 11 од Европската конвенција за човекови права, кој гарантира слобода на религиозно организирање и здружување, со тоа што одбила да ја регистрира ПОА како посебна верска заедница.

- Advertisements -

„И без изрекување на ваквата пресуда, ПОА претставува реалност во верскиот живот на Република Македонија. Ова е најголемата победа на правдата за ПОА во изминатите 15 години од кога почна државниот прогон. Пресудата на Европскиот суд е сатисфакција не само за верниците на Црквата, туку е и големо предупредување за новата власт да не владеат со тоталитаристички и насилни методи како што правеше претходната власт“, велат од ПОА.

Од таму потсетуваат на делот од пресудата каде Македонија се обврзува на ПОА, како оштетена страна, да и плати отштета од 9.500 евра.

Поврзани новости