Од Транзитниот центар во Табановце избегале 40 мигранти

by Фокус

Од транзитниот центар во Табановце вчера успеале да избегаат 40 бегалци, објави Канал 77, наведувајќи дека информацијата е потврдена и од Регионалниот центар за управување со кризи.

Бегалците кои биле од Авганистан и од Ирак, ја искористиле приликата кога немало струја во кампот и се упатиле во непознат правец.

Извори од терен за медиумот изјавиле дека нетрпеливоста во кампот е сé поголема и сè почесто интервенира полицијата, затоа што бегалци физички се пресметувале.

Во транзитниот центар во Tабановце има 1421 бегалец, од нив околу 1.000 се од Авганистан и веќе три недели се заглавени во кампот.

Поврзани новости