Од Телеком не откриваат дали Груевски користи телефонска линија како ВИП-личност

by Фокус 13:25
13:25

Откако СДСМ во парламентот го обвини лидерот на ВМРО-ДПМНЕ дека во април направил телефонска сметка за роаминг од скоро 3.000 евра на грб на државен трошок, од ДПМНЕ демантираа дека Груевски има телефон што го плаќа владата, како и дека направил толкава сметка.

Од владината Служба за општи и заеднички работи, која ги покрива трошоците за телефонските разговори на носителите на државни функции, пак, изјавија дека не ја покриваат телефонската сметка на Груевски, но остана нејасно дали тоа го прави Македонски Телеком.

- Advertisements -

Затоа, до телекомуникациската компанија упативме прашање дали поранешниот премиер користи специјална линија на трошок на Македонски Телеком како ВИП личност, со оглед на практиката на компанијата да им доделува вакви линии на ВИП-личносит од разни сфери, но од таму не добивме конкретен одговор.

„Во насока на почитување на прописите за доверливост уредени со Законот за заштита на личните податоци и Законот за електронски комуникации, а со оглед на тоа дека станува станува збор за доверливи податоци, не можеме да открива информации за своите корисници“, велат од Македонски Телеком.

В.С.

Поврзани новости