Од струен удар починал градежен работник

by fokus

Дваесет и деветгодишен градежен работник починал вчера од струен удар, додека ја кумандувал дигалката.

-На 09.06.2018 година во 14.30 часот во ПС Карпош од Итна медицинска помош е пријавено дека во Скопје на улица „Љубљанска“, во објект во изградба имало починато лице. Излезено е на местото на настанот при што е констатирано дека се работи за В.Ц.(29) од село Кошари, Крива Паланка, вработен во фирмата која изведувала градежни работи на објектот. Починатиот при изведување на градежни работи во објект во изградба додека ја командувал дигалката од 5-ти кон 1-ви кат се здобил со струен удар и починал. Телото на починатито е предадено на обдукција, информираат од МВР.

Поврзани новости