Од роденденска прослава си тргнал дома и не се вратил, се трага по велешанец!

by fokus

Велешанецот Никола Попов – Коле (66), пред шест дена порано си заминал од роденденска прослава на која бил со семејството, и од тогаш му се губи траг. Како што раскажува неговата сопруга Македонка за ,,Фокус”, мобилниот телефон му бил исклучен, а со себе немал документи.

Семејството апелира за помош од јавноста, доколку некој го забележал или пак нешто знае, веднаш да ги извести или да пријави во полиција, бидејќи тие веќе шест дена безуспешно трагале по него.

-Тој функционираше добро, одеше да испазари, и по неколкупати дневно се случуваше да замине во продавница. Не е личност која би се изгубила, затоа сме загрижени. Има пријатели насекаде, во сите градови, секаде каде што помисливме дека можеби би бил, се јавивме, но никој ништо не знае.
Среде роденден си замина, и не знаеме што му се случило и каде е. Затоа замолуваме доколку некој го видел, да не извести – вели сопругата.

Коле бил со нормална градба, околу 175 см висок, а во моментот кога последно е виден носел кафеава карирана кошула и тексас бермуди.

Секој кој има информација поврзана со случајот може да се јави кај семејството на 075 620 756 или во полиција.

Вики Клинчарова

Поврзани новости