Од први април минималната плата во Грција се зголемува на 880 евра

by Fokus

Минималната плата од 1 април ќе биде утврдена на 880 евра, најави грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис.

Зголемувањето се однесува на 575.000 вработени во приватниот сектор, со себе носи зголемување на 19 бенефиции, а истовремено ги надградува платите на 600.000 вработени во јавниот сектор.

„Оваа одлука ги истакнува стабилните чекори преземени за спроведување на централната предизборна заложба за континуирано подобрување на расположливиот доход“, нагласи Мицотакис, истакнувајќи дека целта на владата е минималната плата да се одреди на 950 евра во 2027 година, а просечната плата на 1.500 евра.

Тој потсети дека ова е петто зголемување на минималната плата во Грција откако Нова демократија дојде на власт во 2019 година кога изнесувала 650 евра.

Поврзани новости