Од пожарот во Нотр Дам се урна кулата на катедралата

by fokus

Како последица на пожарот кој ја зафати историската Нотр Дам во Париз вечерва се урна и кулата во катедралата.

Пожарот избил на таванот во 18.50 часот и во тек е евакуација.

Командантот на полициските и пожарникарските сили изјави дека пожарот долго ќе гори. Портпаролот на катедралата потврди дека „целата структура гори“. – Се е во пламен, изјави портпаролот Андре Фино.

„Избувна пожар во Нотр Дам”, објави париската полиција на Твитер. „Избегнувајте го тој простор и ослободете го патот за возилата на противпожарната служба и Итната помош да можат да интервенираат“, се наведува во објавата на Твитер.

Градоначалничката на Париз Ан Идалго изјави дека противпожарните бригади се обидуваат да го стават под контрола огнот.

„Ужасен пожар е во тек во катедралата Нотр Дам во Париз. Пожарникарите се обидуваат да го стават под контрола огнот. На локално ниво сме мобилизирани и во постојан контакт со црковните власти. Барам сите да го почитуваат безбедносниот периметар”, напиша таа на Твитер.

Очевидци соопштија дека од врвот на катедралата и натаму се шири оган и чад. Пожарот од таванот се прошири на покривот на Богородичната црква, испуштајќи жолтеникав густ чад. Фотографиите кои се објавени на социјалните мрежи покажуваат како излегува густ чад над 850 години старата готска градба.

Поврзани новости