Од понеделник ќе се вакцинираат деца и млади, интересот е голем

by Fokus

Од понеделник почнува вакцинирањето на деца и млади од 12 до 18 години. Според податоците од националниот систем „Мој Термин“ до вчера напладне вкупно 1623 деца и млади покажале интерес за вакцинирање, информираа за МИА од Министерството за здравство.

Во земјава се активни 225 случаи на заразени со Ковид-19, а од вчера во државава е на располагање и најсовремената терапија за лекување од вирусот. Вакцинацијата, според здравствените власти, се одвива непречено на сите пунктови низ државата, интересот секојдневно се зголемува, а досега се вакцинирани се вкупно 440 299 граѓани, а ревакцинирани 259 894.

Децата и младите од 12 до 18 години покажале интерес за вакцинирање во текот на денешниот ден ќе добијат термин за вакцинирање, кое за нив ќе почне од понеделник. Вакцинирањето ќе биде во постојните вакцинални пунктови во градот кој го навеле при пријавувањето, информираа за МИА од Министерството за здравство.

Поврзани новости