Од понеделник ќе може да се закаже за брз Ковид тест, резултат за половина час

by fokus

Здравствениот дом Скопје е прва здравствена организација што ќе почне со изработка на брзите тестови. Овие се квалитетни тестови од фирмата Abbott кои даваат 99,6 отсто точност на резултатот, соопшти вечерва д-р Виктор Исијановски, директор на Здравствен дом Скопје и член на Комисијата за заразни болести.

Според него веќе од наредната недела, од понеделник, граѓаните ќе можат преку дадениот телефонски број во медиумите да закажуваат и да направат брзи тестови.

– Како тестови постапката се одвива 15 до 20 минути и ќе биде потребно време околу половина час во почетокот, меѓутоа како екипите ќе се уходуваат тој временски период ќе гледаме да го намалиме на 20 минути, посочи д-р Исијановски во Тема на денот на Сител.

Во однос на постапката за брисеви со овие тестови, тој појасни дека се зема брис назоферигијално, потоа се става во епрувета во која има течност, потребно е од 15 до 20 минути, на една плочка се капнува каде што веднаш се добива резултатот.

Доколку е лицето позитивно, додава тој, веднаш во текот на денот ќе биде известен од Институтот за јавно здравје кој понатаму ќе постапи со епидемиолошка анкета за лицето да биде ставено во изолација.

– Доколку тестот е негативен и нема симптоми нема потреба од ПЦР тест, меѓутоа доколку е потребно и е негативен тестот, а има лицето симптоми на КОВИД тогаш е потребно да се направи ПЦР тест, рече Исијановски, додавајќи дека тестовите ќе чинат 1000 денари.

Вакви тестови, како што појасни тој, досега во нашата држава не се применувани. Тестовите, вели, се одобрени од СЗО, конкретно од оваа фирма и се регистрирани во нашата држава.

Поврзани новости