Од полноќ стартува забрана за емитување македонска музика

by fokus

Здружението за заштита на авторските и музички права (ЗАМП) забрани јавно емитување на музика од автори, кои се нивни членови. Забраната стартува од вечерва, што  значи дека од ноќва на полноќ не смее да се емитува музика од македонски автори.

Во одлуката на ЗАМП се наведува дека причина за забраната е повеќегодишниот притисок од Министерството за култура врз нивното работење и создавањето на можност да се формира паралелно здружение за истите права, како СОКОМ МАП.

-Свесни сме дека ова е непопуларна мерка и дека граѓаните ги лишуваме од задоволството да слушаат музика од македонски автори. Знаеме и дека забрана не е решение на проблемот. Ние, авторите, сме уверени дека правото е на наша страна и со него ја продолжуваме борбата со противзаконските одлуки на државните институции. На нивна страна е единствено – силата. Нема друг пример во една држава да постојат две здруженија и да остваруваат исти права. Надлежните за тоа беа предупредени и од ЗАМП и од повеќе меѓународни и регионални сродни организаци – стои во соопштението на ЗАМП.

Поврзани новости