Заменик-министерот за здравство, г-дин Јовица Андовски, заедно со претставници од Министерството за здравство, го посетија Универзитетскиот клинички центар во Ниш, каде остварија средба со директорот, Проф. Д-р Перишиќ, и медицинскиот тим, информираа од Министерството за здравство.
-При посетата, претставниците беа запознаени со здравствената состојба на трите пациенти хоспитализирани во оваа установа. Според информациите добиени од медицинскиот персонал, двајца пациентите се во стабилна состојба, додека еден пациент е во потешка состојба, но истите остануваат под внимателен лекарски надзор и соодветна терапија.
Министерството за здравство изрази длабока благодарност до медицинскиот персонал на Универзитетскиот клинички центар во Ниш за нивната посветеност и поддршка во овие тешки моменти, информираат од министерството.