Од најавени странски инвестиции од речиси четири милјарди евра, инвестирани 570 милиони евра

by fokus 13:03
13:03

Призма и БИРН денеска ја објавија новата база на податоци за странските инвестиции во Македонија. Во оваа база може да се видат сите најавени, реализирани, но и инвестиции кои биле најавени, а никогаш не се реализирале. Може да се види и бројот на вработени во секоја странска инвестиција, како и висината на инвестицијата.

Според податоците, Владата од 2007 година па наваму најавила 138 странски инвестиции, од кои реализирани се 51. Во тек се 44 инвестиции, а 43 најавени инвестиции никогаш не се реализирале.

- Advertisements -

Што се однесува на вредноста на инвестициите, биле најавени 3,79 милијарди евра, а досега инвестирани се 579,64 милиони евра.

Од 62.701 најавени вработувања, странските инвеститори вработиле 20.246 работници. Најмногу вработени има во Дрекслмајер, односно 5.507.

Поврзани новости