Од МВР открија кој има привилегија да се вози со мерцедесот од 600 000 евра

by fokus 19:13
19:13

Блиндираниот мерцедес од речиси 580 000 евра, за чија набавка Специјалното јавно обвинителство го отвори случајот „Тенк”, во моментов се наоѓа во Владата и често се користи, велат од Министерството за внатрешни работи за Мета.

Од МВР велат дека возилото се користи како „главно возило за високи гости на странски делегации“.

- Advertisements -

Освен тоа, се користи и „во случаи кога поради амортизираност и застареност на блиндираните возила со кои се превезуваат претседателот на државата, претседателот на Собранието и премиерот“ не можат да одговорат на безбедносните стандарди и Уредбата за обезбедување на личности и објекти.

Тоа значи дека во него можат да се возат Ѓорге Иванов и Трајко Вељаноски и премиерот Емил Димитриев.

Сепак, скапиот автомобил досега успешно се криеше од очите на јавноста. Тој стана познат за јавноста во опозициските „бомби”, во кои наводно се слуша, како тогашниот премиер Никола Груевски во еуфорија го нарачува мерцедесот на државна сметка, а ексминистерката Гордана Јанкуловска му ја исполнува желбата.

Поврзани новости