Од Министерството за одбрана украдени строго доверливи документи и компјутери, тврди Ковачки

by fokus

Втор ден Министерството за одбрана молчи за украдените класифицирани документи и за украдените компјутери на кои имало строго доверливи документи, тврди пратеникот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки.

-Ова е случај кој мора да заврши со кривична одговорност и кон одговорните кои не преземале мерки и овозможиле поединци или група да во сред центар на градот, се осмелат да влезат во заштитен објект на министерството за одбрана и да крадат документи и компјутери. Според Законот за класифицирани информации, класифицирана информација со степен „СТРОГО ДОВЕРЛИВО” е информација чие неовластено откривање би предизвикало исклучително сериозна штета за виталните
интереси на Република Македонија, вели Ковачки.

Тој бара оставки од министерката за одбрана, Славјанка Петровска и претседателот, Стево Пендаровски, кој е врховен командант.

Поврзани новости