Од мастики, цигари, леб и млеко до луксузни вечери на државна сметка

by Fokus

Речиси 730 илјади денари, односно над 11.800 евра Министерството за надворешни работи потрошило во кафеаната „Стара куќа“ во 2016 година, објави Призма.

Сметките што се правеле во оваа кафеана изнесуваат од 4 илјади денари па сè до 46 илјади денари за една вечера. Дел од овие сметки се правени и при посети на странски делегации, а за дел пак, на фактурата единствено стои дека угостителската услуга е направена од страна на тогашниот министер Никола Попоски. На некои фискални сметки што ги поседува БИРН може да се види дека во една прилика, на пример, биле нарачани 11 флаши вино „Александрија куве“ за речиси 200 евра. Вечерата чинела над 46 илјади денари.

 

Поврзани новости