Од Ковид-19 починаа осум пациенти, а 289 се оздравени

by Fokus

Во последните 24 часа оздравени се 289 пациенти, а починати се осум пацинети сите во болнички услови, информира Министерството за здравство.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 289 оздравени пациенти од: Скопје-124, Куманово-19, Штип-12, Прилеп-16, Тетово-27,  Велес-9, Битола-18,  Гостивар-10, Гевгелија-4, Струмица-5, Крива Паланка-6, Радовиш-3, Крушево-1, Кочани-11, Пробиштип-1, Демир Хисар-1, Пехчево-2, Берово-7, Валандово-2, Виница-1, Свети Николе-1, Кичево-6, Ресен-3.

Починати се осум лица, еден пациент од Струга (69г), двајца од Велес (82 и 57г), еден од Битола (82г), еден од Гостивар (70г), еден од Гевгелија (78г), еден од Струмица (81г) и еден пациент од Валандово (48г). Пациентите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 86494, бројката на оздравени пациенти е 67453, на починати е 2622, а бројот на активни случаи изнесува 16419. Од вчерашната статистика се евидентира еден контролен тест, а според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

Поврзани новости