Од коронавирусот починале 1.868 лица, меѓу нив и директор на болница

by fokus

Бројката на смртни случаи од коронавирус во континентална Кина порасна на 1.868 лица, што е за 98 повеќе во однос на претходниот ден, објави Националната здравствена комисија.

Меѓу починатите е и Лиу Зиминг, директор на болницата Вухан Вучанг, јавуваат медиумите.

Во средиштето на провинцијата Хубеи, епицентарот на епидемијата, забележани се 93 смртни случаи, додека во главниот град на провинцијата Вухан починале 72 лица.

Според кинеските власти, регистрирани се 1.886 нови случаи низ целата земја, со што бројот на заразени се искачи на 72.436 лица.

Информативниот портал „Caixin“ со седиште во Пекинг објави дека повеќе од 3.000 здравствени работници веќе се заразени со вирусот.

Поврзани новости