Од коронавирусот починаа 1.770 лица, а заразени се 70.000

by fokus

Бројката на потврдени случаи со коронавирус во Кина достигна над 70.000 луѓе.

Досега починале околу 1.770, а само во последниве 24 часа биле регистрирани над 2.000 нови случаи. Тоа го потврди трендот на намалување на бројот на нови случаи заразени со овој смртоносен вирус.

Во меѓувреме, Јапонија соопшти дека дека биле забележани уште 70 инфекции на патничкиот брод кој е под карантин на јапонскиот брег. Досега таму имало над 350 заразени.

Поврзани новости