Од корона вирус почина професорот и воен историчар, Александар Стојчев

by Fokus

Како последица од корона вирусот, вчера на 46-годишна возраст почина универзитетскиот професор и воен историчар Александар Стојчев.

Професорот Стојчев од 2006 година бил раководител на Службата за воена историја – Воен музеј во Министерството за одбрана, а претходно во периодот од 2002 година до 2006 година бил асистент по Воена историја на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ во Скопје.

Поврзани новости