Од корона вирус почина Игор Ангеловски, поранешен началник на СВР Велес

by Fokus

Поранешниот началник на СВР Велес, Игор Ангеловски,  почина синоќа на Инфективната клиника во Скопје како последици од Ковид-19.

Тој бил хоспитализиран на велешкото инфективно одделение на почетокот на овој месец, 7 октомври, а потоа му се влошила состојбата, при што бил префрлен на скопска клиника.

Ангеловски почина на 41-годишна возраст.

 

Поврзани новости