Од идната недела дистрибуција на вакцинитe во аптеките низ САД

by fokus

САД ќе ја зголемат дистрибуцијата на вакцините против коронавирус од 11 милиони до 13.5 милиони дози неделно, изјави Џен Псаки, портпаролка на Белата куќа. 

На пресот денеска таа изјави дека бројката на дистрибуирани вакцини од 20 јануари, кога претседателот Џо Бајден ја презеде претседателската палка, се зголемила за 57 отсто. 

Псаки додаде дека администрацијата работи на реализација на програмата за проширување на дистрибуцијата до локалните аптеки и фармации низ САД. Веќе идната недела, локалните аптеки ќе добијат еден милион дози. 

-Програмата предвидува проширена дистрибуција до американските соседства со тоа што луѓето ќе можат се јават, да закажат и да добијат доза удобно и брзо, изјави таа.  

Според неа, програмата треба да ги опфати најмалку 40.000 аптеки и фармации низ целата земја.

Поврзани новости