Од ДУИ демантираат дека се договориле со ДПМНЕ за двојазичноста

by fokus

Од ДУИ демантираат дека постигнале договор со ВМРО-ДПМНЕ за двојазичност, пренесува А1Он. Од партијата на Ахмети ги негираат денеска објавените информации дека е усогласена двојазичноста и тоа не преку уставни измени, туку со измени на Законот за јазиците. Во Законот би се пропишала поширока употреба на албанскиот јазик и во општините каде Албанците се помалку од 20 отсто.

Според информациите на А1он сепак вистината е некаде на средина, ставовите се пеглаат, но според интересот на одредени групи и се брифираат медиумите.

Притисоците од членството и на двете партии се големи, оние кои се „офајдиле“ од власта тешко ќе се откажат од привилегиите, без разлика на спротивставените ставови и воинствената реторика во изборната кампања токму по прашањето за двојазичноста.

Доколку ја прескокнат оваа стапица, тогаш кај Ахмети и Груевски останува уште еден жежок костен, а тоа е мандатот на СЈО.

Поврзани новости