Од денеска во Србија само со негативен ПЦР тест или 10 дена карантин

by Fokus

Од денеска за влез во Србија, странските државјани и српските државјани кои доаѓаат од странство мора да имаат негативен ПЦР тест не постар од 48 часа или ќе одат во домашна изолација 10 дена, што може да се прекине доколку во меѓувреме направат негативен ПЦР тест.

Останува на сила забраната за работа на сите објекти од 17 часот, што не важи за објектите за храна, аптеките и пумпите.

Според тамошните власти, досегашните мерки во Србија имале ефекти, иако бројките се и натаму високи и покрај падот на новозаболените лица. Според последниот пресек, од тестирани над од 11 000 луѓе, а повеќе од 3 500 се позитивни, додека 54 пациенти починале.

Во болниците, бројот на примени и сè уште поголем од бројот на отпуштени пациенти. Во многу градови, болниците се полни.

 

Поврзани новости